Финансискиот систем на Македонија успее во 2009 година да ја задржи стабилноста и покрај светската економска криза, што се должи пред се на задржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот и на стабилноста на банкарскиот систем. Ова денеска било констатирано на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБМ), на која е усвоен Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2009 година. Во соопштението на НБМ се наведува дека банкарскиот систем во Македонија не бил директно погоден од светската економска криза, но негативните ефекти се почувствувале индиректно, преку домашниот реален сектор.
Финансискиот систем на Македонија успее во 2009 година да ја задржи стабилноста и покрај светската економска криза, што се должи пред се на задржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот и на стабилноста на банкарскиот систем.
Ова денеска било констатирано на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБМ), на која е усвоен Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2009 година.
Во соопштението на НБМ се наведува дека банкарскиот систем во Македонија не бил директно погоден од светската економска криза, но негативните ефекти се почувствувале индиректно, преку домашниот реален сектор.
Рецесиските тенденции во светската економија, како и забавувањето на домашниот раст негативно се одразија врз финансискиот капацитет на претпријатијата, нивната ликвидност и способност за редовно сервисирање на обврските, се вели во соопштението.
Според НБМ, ваквата состојба довела до зголемување на ризиците за финансиската стабилност кои што произлегуваат од корпоративниот сектор, поради што дошло до влошување на квалитетот на кредитните портфолија на банките и до влошување на нивната профитабилност.
„Високата застапеност на валутната компонента во долгот на претпријатијата и населението ја издвојува стабилноста на девизниот курс на денарот како главен фактор за нивната способност за сервисирање на долгот, односно како главен столб на кој се темели целокупната финансиска стабилност на земјата“, се вели во соопштението на НБМ.
Централната банка укажува дека главните ризици за финансиската стабилност во претстојниот период се поврзани со брзината на заздравувањето на нашите главни трговски партнери и состојбата на јавниот долг кај овие економии.
Особено значење има можното прелевање на помалиот обрт и намалената ликвидност на домашните економски субјекти врз пазарот на труд, што може да предизвика натамошно зголемување на ризиците за банкарскиот систем, стои во соопштението
НБМ смета дека клучен предуслов за зачувување на финансиската стабилност ќе биде одржувањето на макроекономската стабилност.